10 C
Skopje
четврток, април 22, 2021
spot_img

Бектеши: Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална, пари ќе добијат дејностите кои што се најпогодени

Финансиската поддршка од Шестиот пакет мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои што со одлука на Владата се затворени, односно кои се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко-угостителскиот сектор, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.

Министерот во емисијата појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои што целосно се затворени, како и оние кои што се затворени со последната одлука на Владата од три недели.

„Моделот е комбиниран. Предвидовме за сите регистрирани угостителски објекти да доделиме финансиска помош според нивните приходи или прометот кој го имале во 2019 година комбинирано со 2020 година, ќе се земе просекот од месецот и за периодот во кој биле затворени, 30% од тој промет ќе им се додели на угостителските објекти. Оваа мерка покрај угостителите е во иста форма е наменета и за приватни детски одморалишта, ноќни клубови, игротеки, ресторани за свадби, евент индустрија, фитнес центри, фотографи и фотографски студија и туристички агенции. Моделот ќе биде сличен како оној кој што го реализиравме во четвртиот квартал 2020 година каде ќе одиме со директна помош како грант, зависно од категоризацијата. Предвидена и поддршка за исплата на плата по вработен. На пример за една компанија со 10 вработени ќе се поделат 152.000 денари за исплата на плати на вработените,“ кажа министерот.

Тој појасни дека според податоците од УЈП и Централен регистар, ако се прави споредба во угостителскиот сектор и туризам воопшто, ако правиме споредба од 2020 година и тоа што е пријавено оваа година и се спореди со 2019 година, ќе  констатираме дека има пад од 30% на приходите во оваа дејност на државно ниво, што значи дека за оние кои што се затворени цела година според одлука на Влада тие ќе добијат 30 проценти од месечниот приход за секој месец поединечно.

“Кога сме кај рестораните за свадби и прослави, точно да ги информираме сопствениците на ресторани за свадби. Значи во 2019 година просекот пријавен од овие компании беше 35.000 евра, ако се дели на 12 месеци, тоа е 3.000 евра и од 3.000 евра ќе добијат 30%. Оваа е помошта која со моделот на враќање на процентот ќе им се дава на рестораните кои организираат свадби и прослави и плус да додадеме дека за секој вработен ќе добијат дополнителни 15.200 денари“ кажа министерот и потсети дека минатата година овие ресторани добија директни грантови до 10 илјади евра и во меѓувреме се категоризираа во вкупно 140 вакви објекти.

Во однос на оние угостителски објекти кои се затворени во изминатите две недели, и ќе станат уште една недела затворени тогаш како што појасни министерот ќе се земе просекот од 2019 година, 2020 година од денот кога започна пандемијата до крајот на првиот квартал на 2021 година и врз основа на тие податоци ќе се дели на 12 месеци и сумата која е за еден месец, ќе се земат 75% затоа што забраната е 21 ден и од 75% ќе добиваат 30%.

“Финансиска поддршка за исплата на плата од 15.200 денари според оваа мерка ќе добијат сите оние вработени во угостителскиот објект кои биле пријавени како вработени на 6 април 2021 година кога беше донесена одлуката за затварање, односно за примање на гости“ кажа министерот.

Министерот информираше и дека следниот месец Министерството за економија ќе го објави јавниот повик за туристички ваучери, а ќе ги добијат сите вработени со ниски приходи кои ќе имаат право да аплицираат. Предвидено е да бидат опфатени околу 1.000 граѓани.
 

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести