16 C
Skopje
четврток, април 22, 2021
spot_img

Барселона со јасен став: Остануваме во Суперлигата, веруваме во овој проект

Англиските клубови се откажаа по силниот притисок на навивачите, некои италијански клубови го направија истото, откажаа Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, но Барселона денеска објави дека останува во Суперлигата. Раководството на Барса во соопштение посочува дека на моменталниот фудбалски модел му се потребни структурни реформи кои ќе им гарантира финансиска стабилност на клубовите. Затоа тие остануваат да бидат дел од Суперлигата.

Барселона го дели мислењето на големиот број на еврипски фудбалски клубови дека се потребни реформи кои би гарантирале финансиска одржливост. Затоа Одборот на директори ја прифати понудата како еден од основачите да стане дел од Суперлигата, натпреварување кое треба да го подобри квалитетот и атрактивноста на производото кој им се нуди на љубителите на фудбалот. Ја разбираме реакцијата на јавноста и сакаме да ја преиспитаме. За подлабока анализа потребно е време и мир за да се избегне преземање било какви итни мерки“, истакнаа „Каталонците“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести