9 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Уставниот суд денес ќе одлучува за иницијативата на оштетените штедачи од Еуростандард банка

Уставниот суд денеска повторно треба да одлучува по иницијатива поднесена на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Пред неполни два месеци, уставните судии не поведоа постапка по иницијатива поднесен за истата одредба од Законот за банки.

Според поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, оваа работа е пресудена и новата иницијатива по истиот предмет би требало да биде отфрлена, освен доколку има некои нови елементи по кои Судот би требало да се произнесе.

Иницијативата е поднесена од оштетени штедачи на Еуростандард Банка и со неа се спори законската одредба која вели дека Фондот за осигурување на депозити има предност прв да ги наплати побарувањата од пропаднатата банка.

Според домашните закони, Фондот наплатува прв затоа што потоа веднаш ги обесштетува сите штедни влогови до 30 000 евра. Според подносителите на иницијативата тоа не е во ред за тие што имале повеќе од 30 000 евра во пропаднатата банка и за фирмите.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести