9 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Проблеми за Елмас: Гатузо го избркал Дијамантот од тренинг!

И дефинитивно не му оди баш најдобро на Елиф Елмас со својот тренер во Наполи, Џенаро Гатузо. Имено како што пренесуваат медиумите во Италија, стратегот на наполитанците на вчерашниот тренинг бил многу лут на тоа како работел Македонецот па затоа го испратил на предвремено туширање. Навистина необично ако се знае дека Дијамантот е еден од нашите најпрофесионални фудбалери.

Исто се пренесува дека Гатузо во последно време не може никако да му ја пронајде вистинската улога во тимот на Елмас, дека се поретко му дава минутажа, а и таа што му ја дава е во најмала рака минорна. Можеби затоа бил таков односот на Елмас на вчерашниот тренинг.

Ова значи дека веројатно Македонецот нема да биде во составот на Наполи на мечот со Лацио.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести