18 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Италијански гиганти во трка по „новиот Нејмар“

Фудбалските гиганти од Серија А Јувентус, Милан, Наполи и Рома се во трка по еден од најголемите бразилски таленти 19-годишниот Кајо Хорхе. Според „Калчомеркато“ четирите клубови биле воодушевени од неговите настапи  и  сакаат да го донесат во своите редови. Фудбалерот на Сантос е споредуван со ѕвездата на ПСЖ Нејмар и во Бразил сметаат дека тој ќе биде идната голема ѕвезда на фудбалот.

Речиси сигурно, тинејџерот ќе се пресели во Европа уште ова лето затоа што договорот со Сантос му истекува оваа година. Бразилскиот клуб сака и да заработи нешто со негова продажба.

Кајо настапуваше за У17 селекцијата на Бразил и во 11 меча постигна седум голови од кои пет на СП У17 што се одржа во 2019 година. Неговиот татко Хорхе Рамос е поранешен напаѓач на мексикански Чавес и бразилска Гама.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести