9 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Дерек Шовин e осуден за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот мај во САД (ВИДЕО)

Дерек Шовин беше осуден за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот мај во САД.

Поротата решаваше повеќе од 10 часа и конечно донесе пресуда на судењето на Дерек Шовин, прогласувајќи го поранешниот полицаец од Минеаполис виновен за убиство од втор и трет степен.

Шовин беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението и тој пресудата ја прими мирно, без поголеми емоции.

Максималната казна за ова дело е 40 години затвор.

Пресудата ја донесе поротата од 12 члена по повеќе од 10 часа разговори во текот на два дена. Заклучено е во вторникот попладне околу 14 часот по локално време. Дванаесет поротници ги разгледаа сведочењата на 45 сведоци, вклучително и минувачи, полицајци и експерти, заедно со повеќечасовни видео докази.

Американските медиуми пишуваат дека судницата е опкружена со барикади, а околу неа се распоредени припадници на Националната гарда.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести