13 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Средба на претседателот Пендаровски со Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави.

На средбата беа разменети информации и мислења за придонесите на армиите во двете земји во справувањето со пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести