9 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Откако најавија Суперлига, сега најавуваат и кратење на времетрањето на натпреварите?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, освен што е еден од креаторите на Суперлигата, сега излезе и со најави за можно намалување на времето во кое се игра еден фудбалски натпревар!?

Во долгото интервју кое го даде за шпанските медиуми, првиот човек на Реал излезе со констатација дека младите не сакале да гледаат фудбал затоа што натпреварите биле предолги.

Младите го поминуваат своето време играјќи „Плејстејшн“ и велат дека фудбалот им се чини предолг. Мислам дека треба да се направи нешто во врска со тоа. Ако младите мислат дека натпреварите се предолги, треба да ги направиме поинтересни или можеби вреди да се размислува за кратење на нивното времетраење“, изјавил Перез.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести