14 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Мицкоски по стапките на Апасиев: Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа пријави против Џафери

Интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава.

Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.

Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.

Прашање: За кого се овие кривични пријави, и што е суштината? Како е сторено делото, на кој начин?

Одговор: Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој што овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Оваа кривична пријава ќе ја дадеме на процесуирање во Јавното обвинителство и се разбира дека по неа треба да постапуваат.

Прашање: Кривичната само против Талат е?

Одговор:  Против Талат и против двајцата пратеници.

Прашање: Очекувате дека ќе постапи?

Одговор: Со оглед на тоа што сметаме дека Македонија мора да биде држава во која што ќе работат институциите особено Јавното обвинителство и судството, се надеваме дека Јавното обвинителство ќе се издигне над притисоците од страна на власта и ќе постапи истото.

Предходно и политичката партија Левица поднесе кривични пријави.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ ОД ЛЕВИЦА:

Денес, Политичката партија Левица и нејзините пратеници во Собранието на Република Македонија (Димитар Апасиев и Борислав Крмов) поднесоа пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат – со известување за прекршување на мерката строга изолација (карантин), како и КРИВИЧНА ПРИЈАВА до Основното јавно обвинителство – Скопје против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје, како и против претседателот на Собранието – Талат Џафери.

Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

Дополнително, со таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание на РМ – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката. Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку истиот и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина!

Очекуваме од ОЈО Скопје да постапи во поднесената пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставил до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести