13 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Дали Саманта ќе добие замена во серијата „Секс и градот“?

Сара Џесика Паркер, според насловите на британските медиуми, очајно бара голема sвезда, која би го ублажила отсуството на ликот на Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал.

  • Сара Џесика Паркер донесе одлука дека и треба голема, навистина голема sвезда за да се приклучи на повторното обединување на серијата „Сексот и градот“. Таа голема sвезда ќе помогне да се олесни отсуството на ликот на Саманта Џонс, изјави близок извор на актерката., како што објави „Mirror“.

А, главниот адут на Сара Џесика Паркер е – британскиот актер Хју Грант! Тој е познат како главен актер во некои од најомилените романтични комедии, па не е изненадувачки што Сара Џесика ја виде оваа 60-годишна sвезда во новите продолженија на култната серија на HBO.

Хју Грант, пак, е обожавател на оваа култна серија, тој во минатото уживаше во соработката со Сара Xесика Паркер, а неодамна ја сними и хит серијата „Undoing“ за HBO.

Според неименуван извор, хонорарот во овој случај не претставува проблем и скоро сигурно ќе дојде до соработка, така што можеме да очекуваме Хју Грант да се појави во продолжението на култната серија.

Сара Џесика Паркер и Грант прво соработуваа во трилерот „Extreme Measures“ од 1996 година, а во 2009 година глумеа во романтичната комедија „Did You Hear About the Morgans“.

Новата сезона на серијата „Сексот и градот“ наречена „And Just Like That“ ќе има десет епизоди, кои ќе се прикажуваат исклучиво на каналот HBO Max и во која ќе глумат најпознати ликови.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести