13 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Дали наскоро може да останеме без кафе поради климатските промени ?!

Научниците веруваат дека „заборавена“ сорта на кафе што расте во топли услови може да помогне во зачувување на овој пијалок од ефектите на климатските промени.

Се предвидува дека наскоро би можеле да пиеме Coffea stenophylla, ретко диво кафе со вкус налик на најквалитетната сорта на Арабика, но расте во потопли услови.

Како што се зголемува температурата, кафето ќе потешко ќе се одгледува.

Истражувањата проценуваат дека до 2050 година, половина од земјиштето на кое се одгледува висококвалитетно кафе би било неупотребливо.

Да се ​​најде диво кафе кое има добар вкус и е толерантно на топлина и суша е „светиот грал за производителите на кафе“, вели д-р Арон Дејвис, кој го предводи тимот за истражување кафе за Кралските ботанички градини.

„Јас сум некој што пробал многу видови на диво кафе, и тие не се добри, немаат вкус на Арабика, така што нашите очекувања беа мали“, изјави тој за Би-Би-Си.

„Значи, ние бевме воодушевени од тоа колку добар вкус има ова кафе. Покрај тоа, тој има и други атрибути како толеранција за неповолна клима: расте во многу потопли услови од Арабика.

Coffea stenophylla е див вид кафе од Западна Африка за кое, до неодамна, се сметаше дека е исчезнато крај брегот на Брегот на Слоновата Коска.

Сега е повторно откриено во дивината на Сиера Леоне, каде што се одгледуваше пред повеќе од еден век.

Мали примероци кафе од Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска прво беа печени, а потоа пробани од експерти за кафе.

За време на слепиот тест, повеќе од 80 проценти од судиите не успеале да ја препознаат разликата помеѓу тоа кафе и Арабика.

Земен е примерок и од растението за да се соберат климатски податоци и се утврди дека може да толерира најмалку 6 степени повисока температура од Арабика.

Планот е да се посее ова диво кафе со цел да се процени неговиот потенцијал за заштеда на висококвалитетно кафе во иднина.

„Нема да се најде во кафулињата во следните неколку години, но мислам дека за пет до седум години полека ќе влезе на пазарот” тој рече.

Што е кафе Арабика?

Зрното Арабика се смета дека има највисок квалитет на вкус. Ова кафе се одгледува во планините и сочинува повеќе од 60 проценти од светското производство на кафе.

Сепак, издржливоста е ограничена кога станува збор за климата; земјоделците веќе ги чувствуваат ефектите од зголемувањето на температурите и слабите или нередовни дождови.

Осцилациите на цените, паразитите, болестите и екстремните временски услови се некои други опасности за производството на кафе.

Истражувањето е спроведено во соработка со Институтот за истражување „Цирад“ во Франција и Универзитетот во Гринич.

Каде може да се најде диво кафе?

Повеќето диви кафиња растат во оддалечените шуми на Африка и Мадагаскар. Освен во Африка, дивото кафе може да се најде и во други тропски области, како што се делови од Индија, Шри Ланка и Австралија.

Какво кафе обично пиеме?

Повеќе од 100 видови кафе растат природно во шумите, но само неколку се користат за пиење.

Во глобалната индустрија за кафе доминираат две варијанти – Арабика (Кафеарабика) и Робуста (Кафеа канефора).

Трет вид – Либерисија расте низ целиот свет, но ретко се пие.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести