13 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Англиски тим се самопрогласи за шампион на Премиер лигата

Шпански Бетис се пошегува на својот профил на социјалните мрежи околу шпанската Ла Лига и новата Супер лига. „Зелено-белите“ составија нова табела без суперлигашите (според најавите да бидат исфрлени од Ла Лига) па според тоа тие станаа кандидати за Лигата на шампионите.

А денеска англиски Вулверхемптон се самопрогласи за шампион на Премиер лигата за сезоната 2018/19. „Волците“ исто така сметаат на исфрлување на „одметниците“ од најсилната англиска лига и бришење на нивните успеси.

Гледајќи ја таа табела, првите шест екипи се сега во Супер лигата. Ако бидат исфрлени од Премиер лигата тогаш трофејот треба да го земе седмиот, а тоа е Вулверхемптон.

„Официјален акаунт на Вулверхемптон Вондерерс. Шампион на Премиер лигата за 2018/19. Сепак, сметаме дека е доцна за славење“, се шегуваат од англискиот клуб.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести