12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

И ЕУРО ќе биде осакатено, ама Македонија ќе биде комплетна!

Вистински фудбалски земјотрес се случува во Европа по најновата одлука на 12-те клубови да формираат своја приватна лига, наречена Суперлига. Сепак во прв момент фановите се изричито против, но кој нив ги прашува. Е сега ако се остварат заканите на УЕФА тогаш лесно може да се случи и претстојното ЕП, на кое ќе учествува и Македонија, да биде буквално осакатено. На него нема да играат играчите од тие 12 клубови, значи ќе ги нема еден Роналдо, Де Брујне, Модриќ, Ван Дајк, Лукаку, Хаверц, но и уште многу, многу друго фудбалски ѕвезди на Реал, Барселона, Сити, Ливерпул, Јунајтед, Интер, Јуве…

Од утринава хрватските медиуми наголемо “плачат“ дека нивната репрезентација на ЕУРО ќе настапи без шестмина свои клучни репрезентативци. Што да кажеме за останатите репрезентации.

Ако има нешто добро во оваа цела “каша“ е тоа што Македонија, односно нашата репрезентација, нема никакви проблеми. Ние немаме играчи во тие 12 клубови, што значи на ЕУРО одиме комплетни.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести