11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ФИЛИПЧЕ: Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче, преку објава на ФБ соопшти дека одржа состанок со директорите на клиниките и ковид центрите, каде ја евалуираа состојбата со хоспитализираните пациенти, но и новодијагностицираните. Заклучиле дека се очекува стабилизирање на состобјата.

“На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира.” – Напиша Министерот Филипче.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести