11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што им пропаднаа обидите да ја спречат помошта за граѓаните

Соопштение за јавност од СДСМ

Никола Мицевски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират што се изгласаа законите со кои помошта обезбедена за граѓаните конечно започнува да се реализира.

Два месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии во Собранието на секој можен начин се обидуваа да ја кочат работата на Собранието, правеа сè да го кочат носењето на законите за петтиот пакет мерки што значат конкретна помош за десетици илјади работници.

Парламентарното мнозинство вчера стави крај на уцените, на деструкциите на опозицијата во Собранието. Тука е болката на Мицевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа денеска цел ден манипулираат и извртуваат факти.

И Мицевски и ВМРО-ДПМНЕ знаат дека постои посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација и дека вчерашното гласање беше спроведено токму по тој протокол.

Мицевски дрско лаже и се обидува да ги манипулира граѓаните.

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска сама на сопствен трошок го има организирано превозот.

Станува збор за амбулантно возило од приватна здравствена установа која самата од сопствена плата го има покриено.

Костадиновска Стојчевска позитивна, но без симптоми стори сè за да присуствува на седницата и да стави крај на уцените на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, за да гласа за реализација на петтиот пакет мерки.

Колку ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што помошта конечно ќе заврши кај граѓаните, зборува и фактот дека денеска продолжија со блокадите и деструкциите и нивниот пратеник Тимчо Муцунски ја откажа седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ за деструкции и блокади пропаднаа, но оваа партија упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести