9 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

Просинечки: Искрено кажете кој од вас нема да гледа Реал – Ливерпул во Суперлигата?

Роберт Просинечки, е еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори. Играше за Ц. Звезда, Динамо Загреб, Реал Мадрид, Барселона, сега е тренер, а до пред извесно време беше и селектор на БиХ. Омилен лик на сите искрени фудбалски фанови. За разлика од сите оние ѕвезди кои денеска со гадење говореа за новата Суперлига, популарниот Жути сакаше да биде искрен.

“Ова го предвидов уште пред десет години. Многу пари се во игра, многу скапи траснсфери, баснословни договори. Некој тоа го увиде, ги собра клубовите и ја основа Суперлигата. Видете, тоа е бизнис. Така е тоа во САД. Затворена, пребогата лига.Само одбрано друштво. Така ќе биде и со оваа Суперлига. За жал, ние не можеме да ги сопреме тие трендови. Без разлика дали сме за или против, ајде бидете искрени и кажете кој од вас нема да гледа Реал – Ливерпул во Суперлигата“ истакна Просинечки за Спортклуб.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести