11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

Жозе Мурињо доби отказ во Тотенхем!

Жозе Мурињо повеќе не е менаџер на екипата на Тотенхем. Како што објавија извори од клубот, Мурињо е сменет откако на последните пет натпревари Спарс извојуваа само една победа, загубија двапати и ремизираа исто толку пати.

На шест кола до крајот на сезоната, лондонскиот тим е седми во поредокот во Премиер лигата, со 4 бода помалку од местата кои обезбедуваат пласман во европските купови.

Мурињо го презеде Тотенхем есента 2019 година, на местото на Маурисио Покетино, кој беше отпуштен поради лошиот старт на сезоната. Под водство на португалски специјалист, тимот заврши на шестото место во англискиот шампионат и се пласираше во Лигата на Европа, од каде неодамна беше елиминиран во 1/8-финалето од Динамо Загреб.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести