7 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

Еве кои работи ќе ви помогнат да го засакате редовното вежбање

Сакате да вежбате, но немате мотивација? Не сте единствени. Но, постојат неколку начини кои ќе ви помогнат на тој пат.

Ако сте во потрага по мотивација, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го засакате вежбањето.

  1. Сменете го типот на вежбање – можеби тренинзите тешко ви паѓаат затоа што секогаш работите ист тип на вежби и недоволно ги менувате реквизитите. Можеби едноставно да го смените спортот со кој се занимавате. На пример можеби за вас јогата е подобра од трчање. Испробајте нешто ново, и ќе најдете што е соодветно за вас. Експериментирајте.
  2. Бидете сам себе свој тренер – основната психологија не има научено дека мора да се сакате самите себе и во прв ред да бидете најдобар пријател со самиот себе. Или во овој случај – тренер. Спортување со вистинска исхрана, е главна причина за добро и здраво тело, борец против стрес и лошо расположение и многу болести. Ако на тренинг немате адекватен тренер, или ќе ви биде потребен да ве присили да дојдете на тренинг, тогаш бидете сам свој тренер.
  3. Додајте музика, филм… – со добра музика или нешто што ви одвлекува внимание, ќе бидете помотивирани. Ставете слушалки, пуштете ги своите песни или едноставно вклучете ги звучниците. Ако вежбате на собен велосипед или орбитрек, насочете го кон телевизорот и гледајте добар филм.
  4. Следете го напредокот – направете таблица и во неа бележете кога, и на кој начин вежбате. Можете и самите себе да се наградувате со нешто што сакате. Ако целта ви е да загубите килограми, пишувајте ги килограмите, односно телесните мерки.
  5. Вежбајте во друштво – во добро друштво се е полесно, па така и занимавање со спорт. Пример ако дел до вашите активности го сочинуваат прошетка по природа, тогаш повикајте пријател да ви се придужи. Истото важи и за трчање, возење велосипед и други спортови.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести