7 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Трајковски се враќа во Италија и тоа во Џенова кај Пандев

Александар Трајковски по година и пол мината во дресот на Мајорка е решен да си замине во клубот и тоа по завршувањето на оваа сезона, иако неговиот договор истекува дури во 2023 година.

Добро е познато дека македонскиот репрезентативец не е задоволен од минутажата која ја добива. Уште од јануари се шпекулира дека ќе го напушти клубот, сега италијанските медиуми на големо пишуваат дека се враќа во Серија А.

Трајковски го поврзуваат со Џенова на капитенот, Горан Пандев. Тој веќе има искуство во Серија А, пред да замине во Шпанија, четири години беше дел од тимот на Палермо.

Во дресот на Мајорка одигра 26 меча и постигна само еден гол во Копа дел Реј.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести