7 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Судија на претходна постапка го обвини Матео Салвини за киднапирање мигранти

Судијата на претходна постапка денес одлучи да му суди на поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини, бидејќи во 2019 година тој одби да го ослободи шпанскипот спасувачки брод за мигранти во италијанско пристаниште, поради што луѓето со денови се чуваа на море, а во случај да биде прогласен за виновен му се заканува висока казна затвор.

АП пренесува дека Салвини, кој го доби најголемиот дел од својот политички капитал во антиимиграциската кампања, се соочува со казна затвор од 15 години, доколку биде прогласен за виновен на крајот на тристепениот судски процес, а конечната пресуда може да му забрани и да држи јавно позиција во иднина.

Лидерот на десничарската партија Лига, беше присутен на подготвителното рочиште на кое беше решено судењето да започне на 15 септември во Палермо и на Twitter изјави дека е сигурен дека постапил правилно според италијанскиот закон, бранејќи ја безбедноста на земјата и достоинство со одбивање на влез во шпанската бродска хуманитарна организација „Open Arms“.

  • Одам пред судот со крената глава, во ваше име, како и мое лично. Италија на прво место, секогаш! Одбраната на нашата земја е должност на граѓаните, зпоради тоа ми се суди, рече Салвини веднаш по одлуката на судот.

Обвинителите во Палермо го обвинија Салвини за киднапирање, бидејќи тој ги држеше мигрантите на море со денови во близина на брегот на Лампедуза во август 2019 година, и конечно, по 19 дена, на 83 мигранти на бродот им беше дозволено да се симнат на островот.

Салвини е под истрага и за друг сличен случај со мигрантите кога одби да го пушти италијанскиот брод на крајбрешната стража Грегорети во пристаништето летото 2019 година, а обвинителот во тој случај му препорача на Салвини да не му се суди минатата недела, со образложение дека тој е политика на владата кога пет дена чувал на море 116 мигранти.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести