13 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

СТРАШНО! АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ НА АНТАРТИКОТ – Исчезна најголемиот глечер во светот

До неодамна, најголемиот глечер во светот, А68, веќе го нема тој статус.
А68-от зафачаше површина од скоро 6.000 квадратни километри кога се отцепи од Антарктикот во 2017 година и беше со големина на Велс.

Сепак, сега сателитските снимки покажуваат дека масивниот глечер повеќе го нема, односно дека е скршен на неколку помали делови, за кои американскиот национален центар за податоци за мраз вели дека повеќе не вреди да се следи, објави ВВС.

А68 се оддели од ледениот регион Larson C , на работ на Антарктичкиот полуостров и претежно беше во мирување една година, сепак, тогаш почна да плови на север и да се забрзува поради силните струи и ветровите.

Со тежина од милијарда тони, глечерот се упатил кон Јужна Џорџија, британска островска територија во Јужен Атлантик, со плитки води каде што се стопиле повеќето глечери.

Овој глечер некако успеа да избега од таа судбина, но наместо островските плитки води, тој беше проголтан од потоплите води и повисоките температури на воздухот во Атлантикот и се распарчи на парчиња.

  • Неверојатно е што А68 траеше толку долго. Тој се распадна на четири, пет дела, а потоа тие делови се скршија уште повеќе, изјави Адријан Лакман, од Универзитетот во Свонси, за ВВС.

А68 најдобро ќе остане запаметен како првиот глечер кој стана „sвезда“ на социјалните мрежи, бидејќи луѓе од целиот свет прикачија сателитски слики од глечерот, заклучуваат британските медиуми.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести