6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

СТРАШНО: Ова е манијакот кој уби осум луѓе во FEDEX

19-годишникот кој уби осум работници на FedEx во Индијанаполис, а потоа изврши самоубиство е поранешен вработен во таа компанија. Тој минатата година беше во психијатриски притвор, соопштија американските власти.

Од FedEx и полицијата го идентификуваа напаѓачот како Брендон Скот Хол, поранешен работник во центарот.

Меѓу убиените има четворица припадници на верската заедница Сика, а безбедносните претставници изјавија дека не може да се тврди дека мотивот за нападот е расна или етничка омраза. Организацијата за заштита на правата на Сика побара покренување истрага за можно злосторство од омраза.

Инцидентот се случил во оперативниот центар FedEx, недалеку од меѓународниот аеродром во Индијанаполис. Очевидци изјавија дека напаѓачот отворил оган од пушка на паркингот, по што влегол во зградата, каде продолжил да пука. Полицијата го пронашла телото на осомничениот и сè укажува на тоа дека тој извршил самоубиство.

Ова е последен од најмалку седум слични инциденти во САД во изминатиот месец.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести