6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструкции и измислици, со лажни вести бараат алиби за поразите

Соопштение за јавност од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ повторно прави конструкции и шири лажни вести, кои се далеку од реалноста и од фактите.

Како што е веќе потврдено, откриени се многу помалку двојни матични броеви, а не 20.000 како што лаже ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе поништени или се во постапка за поништување.

Институциите предводени од СДСМ водат бескомпромисна борба против криминалот, а ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа дека правдата е неселективна, дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

Времето на заробена држава е завршено, но јавноста памети како ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ издаваше пасоши и лични карти на лица што не се од општина Центар, за да ја фалсификува волјата на граѓаните во 2013 година.

Соочени со фрустрациите од поразите, во ВМРО-ДПМНЕ никако да се откажат од намерите да им наштетуваат на граѓаните, институциите и државата.

Токму заради ваквото однесување ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред губи на избори, а ваквите измислици нема да им обезбедат алиби за поразите досега и за извесниот пораз на локалните избори на есен.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести