5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Раул Кастро се повлекува од функцијата генерален секретар на партијата (ВИДЕО)

Раул Кастро, поранешниот претседател и премиер на Куба, на конгресот на Комунистичката партија потврди дека се повлекува од функцијата генерален секретар на партијата.

„Задоволен сум што им предавам лидерство на група луѓе кои се подготвени да бидат лидери, кои имаат децениско искуство и се посветени на моралот на револуцијата што се идентификува со историјата и културата на нашата нација“, рече Кастро.

Објавата за повлекување на Кастро беше објавена на веб-страницата на Комунистичката партија на Куба во извештајот од Конгресот што е во тек.

Кастро се очекува официјално да се пензионира за време на викендот. Неговата оставка означува крај на ерата на Кастро во Куба, која траеше од 1959 година, кога дојде на власт неговиот постар брат Фидел, а потоа и Раул во 2016 година.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести