5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Раиола бара од Милан да го направи Донарума најплатен голман во светот

Ако Милан ги прифати барањата на менџерот на Донарума, Мино Раиола, младиот голман на „росонерите“ ќе стане најплатениот голман во светот.

„Калочомеркато“ тврди дека агентот Мино Раиола оваа недела е во Италија на преговори со разни клубови, вклучувајќи ги и „росонерите“. Во јавноста се зборува дека во моментов на маса е сума од 8 милиони евра по сезона, која „росонерите“ ја понудиле за нов договор на Донарума, но Раиола и голманот наводно бараат 12 милиони евра.

Неговата сегашна плата изнесува околу 6 милиони евра по сезона, па доколку со новата соработка добие двојно повеќе, Донарума ќе биде втор најплатен играч на „чизмата“ и убедливо најплатен голман во светот. Сегашниот врв межу голманите го држи Де Хеа, кој во Манчестер Ј. има плата од околу 11 милиони евра годишно.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести