6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

ОВА ЌЕ БИДЕ ХИТ! Кинези сакаат да ја “оживеат” популарната “БУБА”, но со четири врати и електромотор (фото)

Новата верзија има ретро дизајн и веројатно ќе се продава само во Кина.
Кинеската автомобилска марка ORA ја запознавме минатата година, кога беше претставен интересен електричен модел со живописно име – Good Cat (Добра мачка).

Кинеските медиуми сега јавуваат дека се подготвува нов електричен автомобил од истиот производител, исто така во ретро стил.

Станува збор за возило кое очигледно претставува копија од оригиналната Volkswagen Buba, со продолжено меѓуоскино растојание и додавање на уште еден пар врати.

Првите скици покажуваат дека ентериерот има и ретро дизајн, а повеќе детали за ова возило, кое би требало да ја има својата премиера на саемите за автомобили во Шангај, сè уште не се објавени.

Марката на автомобили ORA е релативно ново име на кинескиот пазар, бидејќи првиот модел под ова име беше претставен во 2018 година.

Марката е во сопственост на добро познатата компанија Great Wall Motors и не им е чудно да го копираат дизајнот на модели на етаблирани светски производители на автомобили.

Така, надворешноста на споменатото возило ORA Good Cat е инспирирана од познатите модели на европската автомобилска индустрија (Porsche 911, VW Beetle, Fiat 500 …).

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести