6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Интересна ситуација во Германија: Му овозможи шанса на својот иден тим да игра во ЛШ

Борусија Менхенгладбах денеска играше против Ајнтрахт Франкфурт, и го совлада со 4:0, со тоа тимот на „Менш“ направи голем чекор во битката за Европа.

Меѓутоа она што е интересно е фактот што Марко Розе, тренерот на Менхенгладбах со оваа победа му овозможи на својот иден тим Борусија Дортмунд да избори место во Лигата на шампионите. Разликата меѓу Ајнтрахт и Борусија Д. изнесуваше пред овој меч седум бода, а сега утре ако Дортмунд победи со Вердер, би можела да се намали на четири, на пет кола до крајот во Германија.

Со оглед дека Дортмунд е веќе испаднат од ЛШ, сега целосниот фокус ќе го стави во Бундеслигата, и да најде начин како ќе го стигне тимот од Франкфурт кој играше одлично, се до денеска.

Надежта дека Марко Розе идната сезона ќе игра во ЛШ и натаму постои.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести