5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Готово е: Адеми си оди од Динамо, се чека само супер понуда!

Готово е . Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб ова лето по цели 11 сезони минати во таборот на “модрите“ најверојатно ќе си оди од “Максимир“. Тоа го најавуваат хрватските медиуми кои споменуваат дека Динамо му е должен на својот капитен по сите оние блескави игри во Европа, потоа и на домашна сцена и по сите оние освоени силни трофеи, да не му прави никакви проблеми при неговото заминување.

Динамо тоа треба да го цени, сега се чека само добра, супер понуда и тоа од клубови од Лига 5. Имало интерес, а кој не би го сакал Лавот Адеми, кој даде огромен придонес и за успехот на нашата фудбалска репрезентација во последните 2-3 години, како и пласманот на ЕУРО.

Инаку пред извесно време Адеми иако беше договорен со клуб од Саудиска Арабаија, само да му помогне на својот Динамо во Европа, имаше понуда и од Лил, но сепак тогаш Французите понудија премала сума за екстра квалитетниот играч за врска

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести