5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Во оваа земја заболените од корона вирус ги лекуваат со хербален тоник (ВИДЕО)

Во Киргистан, хербален тоник ќе се користи за лекување на лица со COVID-19, соопшти денеска министерот за здравство Алимкадир Беишеналиев, и покрај предупредувањата на медицинските експерти дека содржи потенцијален смртоносен отров, пренесува Ројтерс.

Со цел да се покаже дека тоникот е безбеден за употреба, министерот пиеше раствор направен од коренот на растението од семејната градина на онлајн конференција.

  • Оние со лесни симптоми се опоравуваат за еден ден, а оние со потешка форма на болест за три до четири дена, рече Беишеналиев.

Претседателот Садр Јапаров лично им дал на лекарите рецепт што неговиот татко му го пренел на него и тие веќе го користат, додаде Беишеналиев.

Сепак, медицинскиот експерт и поранешен советник во Министерството за здравство, Бермет Бариктабасова, вели дека тоа е „најотровната билка во Киргистан“.

  • Дури и најмалата доза од нејзиниот екстракт има силно негативно влијание врз телото и лицето може брзо да умре. Ние се враќаме во средниот век, рече таа.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести