11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ШТО СЕ СЛУЧУВА!? Бред Пит заврши во инвалидска количка..

Најголемата холивудска sвезда Бред Пит (57) беше фотографиран додека излегуваше од здравствениот дом во Беверли Хилс во инвалидска количка, откако таму закажа состанок со стоматолог.

Имено, инвалидската количката во која беше Бред ја туркаше неговиот телохранител, а актерот носеше црна јакна со качулка, сиви панталони и бели патики.

Тој беше скоро непрепознатлив бидејќи на лицето имаше заштитна маска, очила за сонце и качулка на главата.

Ѕвездата на филмот „Некогаш во Холивуд“ најверојатно мораше да ја напушти институцијата во инвалидска количка поради долгорочната политика на болницата со цел да ја избегне нивната одговорност доколку пациентот е повреден напуштајќи ја канцеларијата под анестезија или лекови.

Не е познато што точно направил Бред Пит со забите, а обожавателите шпекулираат дека тој можеби заминал на малку посериозно чистење и средување на забите пред годинашните Оскари, што ќе се одржат на 25 април.

Имено, веќе е познато дека тој ќе ја води церемонијата со уште тројца колеги – Рис Витерспун, Хали Бери и Харисон Форд, а најверните фанови му посакуваат сè најдобро во новата главна улога.

„Што се случи со Бред?“, „Ах не, се надевам дека не е повреден“, „Зошто излегува од стоматолошката ординација со инвалидска количка?“, „Се надевам дека е добро“, беа коментарите на обожавателите откако ги видоа новите слики на Бред.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести