11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ПРИНЦОТ ЧАРЛС ЌЕ СИ ГО СМЕНИ ИМЕТО ДОКОЛКУ СТАНЕ КРАЛ – Еве кои имиња се во игра

Принцот Чарлс сега има 72 години. Неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, наполни 94 години. Чарлс го чека тронот повеќе од шеесет и пет години, аи со тоа влезе во историјата, бидејќи ниту еден член на кралското семејство не чекал круна толку долго.

Меѓутоа, ако некогаш дочека да стане крал, многу е веројатно дека ќе го смени името. Не само затоа што ова е чест случај кога станува збор за монархијата, туку и затоа што во историјата на британската круна неговото име се покажало како баксузно.

Ако тој се реши да го задржи своето име, ќе се круниса како Чарлс III. Чарлс Први и Втори беа толку лоши владетели што со векови ниту еден монарх на островот не го носи името!

Карл I Стјуарт владеел во 17 век. Тој сакал апсолутна моќ и можност за неограничено да војува па владеел единаесет години без парламентарна контрола, воведувајќи огромни даноци на населението за да може да ги финансира своите воени кампањи. Тој бил толку „омилен“ што тие години во британската историја се познати како – „единаесет години тиранија“.

Тој, исто така, е познат по тоа што е единствениот британски монарх, погубен од неговиот народ. Ова се случило во 1649 година, по што монархијата накратко била укината и била воспоставена република.

Монархијата била обновена во Англија во 1660 година, а потоа на престолот седнал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први.За време на неговиот живот, тој бил наречен Веселиот монарх, бидејќи бил познат по своите љубовнички и како голем хедонист.

Тој не бил многу заинтересиран да управува со земјата, затоа не оставил официјално потомство, иако имал бројни вонбрачни деца со љубовниците.

Него го наследил неговиот брат Џејмс Втори.

Чарлс Трети?

Значи, иако ова не е законски пропишано, многу е можно принцот Чарлс да сака да се ослободи од негативниот „багаж“ што го носи неговото име. Доколку се реши за таа можност, најверојатно ќе одбере едно од следниве имиња – Филип, Артур или Џорџ.

Претпоставка е дека принцот ќе одлучи да го избере името Џорџ, со цел да му оддаде почит на неговиот дедо. Ако тоа се случи, тогаш неговото име ќе биде крал Џорџ VII.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести