11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ПАТИКИТЕ НА КАНИЕ ВЕСТ УБЕДЛИВО НАЈСКАПИ НА СВЕТ – МИЛИОН ДОЛАРИ!

Првите патики на брендот Yeezy што Кание Вест некогаш ги носеше на јавно место, се продаваат за повеќе од милион долари.

Поточно, станува збор за моделот Air Yeezy на Nike, кој американскиот рапер го носеше на Греми наградите во 2008 година, и кои ќе бидат меѓу најскапите патики што некогаш се појавиле на пазарот, соопшти аукциската куќа „Sotheby’s“, која ја организира продажбата.

Опишани во соопштението за печат како „една од најценетите и најбараните“, патиките ќе бидат понудени преку приватна продажба откако ќе бидат претставени во Хонг Конг подоцна овој месец. „Sotheby’s“ не ја прецизираше бараната цена, иако изјави дека предметот го процениле на „повеќе од милион долари“.

Нема познат рекорд во продажба на приватни патики, а сепак цената од седум цифри би ја надминала бројката од 615 000 американски долари – толку чинеа во „Christie’s“ патиките на Nike Air Jordan 1 во мај 2020, носени од Мајкл Џордан во 1985 година, пишува CNN.

Лансиран на пазарот од колекционерот на патики Рајан Ченг, Yeezy доаѓа во големина 12.

Според Брах Вахтер, шеф на „Sotheby’s“, оддел за улична облека и модни колекционерски производи, проценката на вредноста на патиките произлегува од културното влијание на брендот.

  • Овој пар патики е клучен за развојот на франшизата Yeezy, која стана една од најважните марки за патики и начин на живот во историјата на светот на модата, рече тој.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести