11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

Нови проблеми за Бразил: Нема лекови за смирување, пациентите ги врзуваат за кревет…

Извештаите што стигнуваат од Бразил наведуваат дека здравствените работници биле принудени да интубираат пациенти без седативи, неколку недели откако болниците и бразилските власти предупредија дека здравствениот систем останува без клучни лекови и помагала.

Лекар од болницата „Алберт Швајцер“ во Рио де Жанеиро денеска за АП изјави дека здравствените работници со денови разредуваат седативи за да им траат подолго залихите.

Кога остануваат без седативи, медицинските сестри и лекарите започнуваат да користат невромускулни блокатори и да ги врзуваат пациентите за кревети, додаде докторот, кој не сакаше да го открие своето име.

  • Можете лесно да ги опуштите вашите мускули, но немаме седативи. Некои пациенти се обидуваат да зборуваат, да даваат отпор. Тие се свесни, изјави неименуван лекар.

Недостатокот на медицинска опрема е најновиот проблем во Бразил, кој се соочува со сериозни последици од пандемијата COVID-19, а бројот на смртни случаи на дневна основа е околу 3.000, и прави четвртина од смртните случаи на глобално ниво, поради што ова Јужноамериканска земја е епицентарот на пандемијата.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести