11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

Милан се договорил со играч од градскиот ривал Интер

Според информациите за „Спорт Италија“ Милан ќе го ангажира 32-годишниот бек Данило Д’Амброзио кој моментално е играч на Интер. Поранешниот играч на Фиорентина оваа сезона одигра 15 меча за „нероаѕурите“, а неговиот договор истекува по завршување на сезоната во Италија. Тоа значи дека ќе биде слободен играч, а Милан веќе контактирал со него и тој изразил желба да се пресели во другиот милански клуб. Наводно „росонерите“ му понудиле двегодишен договор што е прифатливо за поранешниот италијански репрезентативец (шест настапи).

Интер го купи Д’Амброзио од Торино во 2014 година за речиси 4 милиони евра, а овој играч претходно ги бранеше боите на Јуве Стабија и Потенца.\

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести