7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

„Меси веќе има донесено одлука“

Некогашниот голман и спортски директор на Барселона,  Андони Зубизарета, смета дека Лионел Меси веќе донел одлука за својата кариера.

Аргентинецот овој викенд го чека финалето во Купот на Кралот, а Зубизарета смета дека конечниот исход на овој меч нема да влија на конечната одлука.

„Меси заслужи да размисли и да одлучи. Претседателот Лапорта ќе стои се за да го задржи. Доколку остане ќе биде одлично, ако не ќе продолжиме да играме. Мислам дека Меси има донесено одлука во својата глава. Тој е ветерен, сите сме имале денови кога сме сакале да ставиме крај на кариерата.

оа ми се случи мене по поразот од Милан во Атина од 4-0, но 24 часа подоцна мојата сопруга ми рече да продолжам. Меси е фудбалер, не е маркетиншки производ“, изјави легендарниот голман.

Меси целата својата кариера ја мина во Барселона, но дали ќе остане ќе биде познато наскоро.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести