8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот

Бројот на новозаболени се намалил, вели министерот Филипче, но судејќи според објавената информација од МЗ, истото не важи и за бројот на хоспитализирани поради компликации од корона вирусот.

– После оној еден мини пик во смисла на голем притисок на почеток на неделата, после тоа бројките се мали. Денеска и вкупниот број на новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации, меѓутоа тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје така и ширум државата, изјави денеска Филипче.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 23 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  биле примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 48 болни.Вкупно 688 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести