7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Скандалозно обвинување од Франција: Надал користел допинг?

Рафаел Надал, еден од најдобрите тенисери во историјата, членот на славната тројка Федерер, Ѓоковиќ, Надал, според Жан – Пјер Верди, некогашниот претседател на Антидопинг агенцијата на Франција, во поголем дел од својата кариера имал проблеми со допингот, односно бил допингуван.

Шпанецот важи за еден од најдобро подготвените спортисти во светот, но се чини дека сега на виделина излегуваат нови докази за тоа како тој всушност ги освојувал титулите, посебно на Ролан Гарос каде дури 13 пати го освојуваше пехарот како најдобар на еден од најпрестижните Гренд Слемови.

Надал никогаш не паднал на допинг – тест, но секогаш, барем според Верди, тоја правел проблем кога требало да се тестира.

“Да го тестираш Надал тоа беше како да си направил некое злосторство врз човештвото. Само во 2009 година ни дозволија да му извршиме тест. И тогаш се случи навистина голем непријатност. Тони Надал викаше по нас, беа крајно непријателски расположени“ истакнува Верди.

Интересно е тоа што во 2016 година, една хакерска група дошла до официјалните податоци за тоа дека Надал користел сомнителни супстанци.

Во прилог на ова во 2013 година, француската министерка за спорт, Росалина Башело директно обвини дека Надал е допингуван и дека знаел да симулира повреди, само да не биде подвргнат на тестирање.

Да кажеме на крајот дека Жан – Пјер Верди откри дека покрај допингот, Ленс Армстонг мамел и на друг начин, имал специјален мини – мотор вграден под седиштето на својот велосипед, затоа и победувал на трките.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести