11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

МУЦУНСКИ: Додека наши граѓани губат работни места и наместо реализација на итна државна помош, сведоци сме на претстава со политички игри

Интегрален текст од изјава за медиуми –  Тимчо Муцунски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Живееме во еден исклучително предизвикувачки период кога светот и Македонија ја преживуваат една од најголемите општествено-економски кризи.

Нашите граѓани секојдневно губат работни места, голем број дејности се соочуваат со неверојатни тешкотии, се повеќе компании се на границите на нивна ликвидност, а стотици семејства и поединци не успеваат да обезбедат минимум финансиски средства за свој опстанок.

И дури се ова е дел од нашата реалност, наместо реализација на итна државна помош сведоци сме на театарска претстава исполнета со секојдневни политички игри без граници.

Напоменувам дека Петтиот пакет економска помош од Владата до Собранието е доставен на 16 февруари. Без оглед на високиот степен на значење собраниското мнозинство само од ним познати причини чекаше месец и половина да ги стави законите од тој пакет на дневен ред, а собраниската процедурата започна дури на 24 март.

Два месеци од денот кога законите се доставени до закокодавниот дом, Собраниската Комисија за финансии и буџет предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првиот возможен момент ги создаде неопходните услови успешно да започне и да заврши комисиската расправа, но мнозинството повторно не закажува пленарна седница.

Истовремено би сакал да ја повторам и нашата констатација веќе искажана во неколку наврати, дека овој пакет економски мерки е недоволен и дека е изготвен без соодветна и доволна консултација со видни експерти и повеќето од засегнатите страни.

Во текот на комисиската расправа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предлагаа да се предвиди директна поддршка за компаниите и граѓаните, не само за месеци февруари и март, туку и за април и мај.

Истовремено поднесовме уште неколку конкретни амандмани, меѓу кои побаравме и помошта која се дава на компаниите да биде неповратна.

Морам да нагласам дека сите амандмани предложени од опозицијата беа одбиени.

Со оглед на заедничкиот јавно прокламиран заклучок на сите парламентарни партии дека е потребно што е можно поскоро да бидат усвоени законите кои се однесуваат на економските мерки, уште еднаш го Повикуваме парламентарното мнозинство на разумно, државничко, одговорно и ефикасно дејствување.

Во наведената насока, апелираме уште денес да се закаже собраниската седница на која конечно петтиот сет пакет мерки ќе станат реалност. Со таквиот чекор не само што ќе ја исполниме нашата пратеничка обврска за рационално и ефикасно дејствување, туку истовремено ќе докажеме дека на најсоодветен начин работиме во најнепосреден интерес на граѓаните кои безрезервно ни ја дале нивната доверба да ги претставуваме во овој дом.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести