14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЦРНА ГОРА ВО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ! Има долг од милијарда евра, Кина може да ги превземе пристаништата

Доколку не се најде решение за отплата на црногорскиот долг спрема Кина, оваа држава би можела да се најде во иста ситуација како Грција пред неколку години, кога Пекинг го преземал пристаништето Пиреј.

Во Брисел засега не се расположени да и помогнат на Подгорица да го отплати долгот од милијарда евра, со што Кина според договорот може да преземе најголем дел од црногорскиот брег.

Известувач на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон, ја критикувала одлуката на ЕУ да не и помогне на Црна Гора и го отплати долгот кон Кина. Фон Крамон ја повикала ЕУ “двапати да размисли“ за можна “стратешка лоша одлука“.

Корумпираните лидери со години ја експлоатирале државата. Сега новата власт мора да ги реши финансиските долгови. ЕУ веќе направи грешка во Грција кога Кина го презеде пристаништето Пиреј. Сега може тоа да се случи со поголем дел од црногосрскиот брег – напишала фон Крамон на Твитер.

Од ЕК пред неколку дена по повод барањето на Подгорица за помош од Брисел во отплаќање на кинескиот заем порачала дека “нема да ги отплаќа долговите на Црна Гора“.

Нагласено е дека поради вакви финансиски потези, во Подгорица, постои ризик од макроекономски дебаланс и должнички однос на Ц. Гора спрема Кина.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести