6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СОПРУГАТА НА ДИНО ДВОРНИК БРУТАЛНО ИСКРЕНА: Кога ќе најдете маж кој издржува еден час во кревет, пратете ми го.. (фото)

Сопругата на покојниот пејач Дино Дворник,кралот на фанк музиката од овие простори, Данијела, на својот Инстаграм профил објави фотографија од прошетката, а покрај пофалните коментари за изгледот, следеше еден со необично барање.

– Ми треба маж кој може да издржи еден час во кревет – напиша една жена во коментар, а Даниела на шега одговори:

– Кога ќе го пронајдете, препратете го – рече Дворник, чиј коментар предизвика бура од коментари од жени кои се согласија со неа.

Даниела им призна на своите придружници дека доста е да седи дома и дека наскоро ќе започне повторно да тренира.

Инаку Даниела е баба на две внучиња кои ги доби од ќерката Ела, а на својот Инстаграм профил таа објавува фотографии во друштво на своите внучиња, и вели дека секое слободно време го минува со нив.

Даниела и покојниот Дино Дворник ја имаат ќерката Ела која е мајка на две деца, ќерките Бејли и Луми Врен, а многумина велат дека многу потсетува на својата мајка.

Во февруари минатата година таа стапи во брак со нејзиното долгогодишно момче Чарлс Пирс.

– Ова е загревање затоа што утре ќе започнам со тренинзи, што ми недостигаа затоа што веќе подолго време не сум била во свој ритам. Бидејќи минатата година цела беше ненормална за нас, а и оваа не започна подобро, се опуштив малку. И таа вистина ме прогонува дење и ноќе. Во 2022 година, имам план да се искачам на Килиманџаро, па затоа би било добро да започнам со подготовки веќе – напиша таа.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести