5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија.

Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период ги спроведе сите подготвителни активности за финализирање на Планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма Полиеко, за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи. За разгледување и усогласување на Планот од страна на МЖСПП, министерот Нуредини формираше работна група и на вчерашната седница ја информираше Владата  дека е подготвено Решение за одобрување на Планот со прилог на активности кои треба да бидат преземени од страна на фирмата изведувач,  а во согласност со Законот за животна средина.

Во постапката се издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП, согласно Базелска Конвенција – за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на дел од малата депонија, да заврши до почетокот на наредната  годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (~ 700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH отпад.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести