6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Ех, времиња! ЛИЛА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ПОЧЕТОКОТ НА НЕЈЗИНАТА КАРИЕРА (видео)

Познатата водителка Лила Филиповска денеска на својот Инстаграм профил објави видео од почетоците на нејзината водителска кариера.

Лила години наназад ја гледаме на познатиот квиз „Сè или нешто“, кој се емитува на „Сител“, но ретко може да се види токму вакво видео како она кое денеска го сподели.

„Ова снимка првпат ја гледам во животот и искрено не се сеќавам многу, но знам дека тоа се моите први водителски води во Македонската телевизија, 1995. Боже каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“, напиша Лила под видеото.

Објавата досега има речиси 30.000 прегледи, повеќе од 2.500 лајкувања и многу коментари од нејзините следбеници.

„Младост, лудост“, „Ама гласчето… Душа мила“, „Фризурата арна си е, чевличињата лудило“, „Природно и нормално“, се само дел од коментарите под видеото.

Погледнете го видеото ТУКА.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести