9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ДАЛИ НАЈГОЛЕМИОТ АКТИВЕН ВУЛКАН Е ПОДГОТВЕН ДА „ЕКСПЛОДИРА“ ?!

Големиот остров Хаваи, дом на најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа, во неделата го погодија 34 земјотреси. Иако повеќето беа со мала големина, и никој не беше доволно силен за да предизвика цунами, научниците ги предупредија граѓаните дека е можна ерупција на Мауна Лоа во блиска иднина.

  • Иако ерупцијата на Мауна Лоа не е непосредна, сега е време да се преиспитаат личните планови за ерупцијата, се вели во соопштението на научниците од Хавајската вулканска опсерваторија.
  • Слично како и подготовките за сезоната на урагани, да се има однапред план за ерупција помага за време на вонредна состојба – додаваат тие.

Најголемиот активен вулкан на Земјата, Мауна Лоа, чие име на хавајски значи „долга планина“, достигнува висина од 4.170 метри, а се протега на пет километри под Централниот Пацифик до дното на океанот. Вулканот зафаќа половина од островот.
На Големиот остров Хаваи живеат уште три активни вулкани, Килауеа, Мауна Ки и Хуалалај. Килауеа еруптираше од декември.

Научниците се загрижени за брзината со која деформациите или промените во површината на вулканот влијаат на Мауна Лоу, како и нејзината сеизмичност или фреквенција на земјотреси. Големиот остров го погодиле повеќе од 744 земјотреси во последниот месец.

  • Денес луѓето имаат подготвени торби со потребни работи во случај да мора да ја напуштат куќата поради евакуацијата. Можеби сакате да понесете важни документи, како што се изводи од матичната книга на родените, правни документи и лекови – наведе „USGS“.

Според Хавајската вулканска опсерваторија, Мауна Лоа еруптирала 33 пати од 1843 година. Последната ерупција траела од 25 март до 15 април 1984 година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести