10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ГУТЕРЕШ: Владите да размислат за ПОСЕБЕН ДАНОК за поединци кои се збогатија за време на пандемијата

Владите да размислат за „солидарно“ оданочување на поединци кои се збогатија за време на пандемијата, рече генералниот секретар на ООН.

„Ги повикувам владите да размислат за воведување на „солидарен“ или данок на богатство на оние кои профитираа за време на пандемијата, со цел да се намали екстремната нееднаквост“, рече.

Тој наведе дека последните извештаи покажуваат дека богатството на најбогатите скокнало за 5.000 милијарди долари.

„Треба да се осигураме дека парите се насочени таму каде што се најпотребни. Најновите извештаи покажуваат дека богатството на најбогатите луѓе во светот скокна за 5.000 милијарди долари во изминатата година“, рече тој на состанокот на ООН за финансирање за развој во понеделникот.

Тој повтори дека групата од 20 богати и големи економии во развој треба да го продолжат мораториумот за сервисирање на долговите до 2022 година и да го прошират за да им помогнат и на земјите во развој и на економиите со среден приход да се опорават од пандемијата.

„Но, не смееме да застанеме на олеснувањето на долгот, мора итно да ја зајакнеме архитектурата на меѓународниот долг со цел да се стави крај на смртоносните циклуси на должничките бранови, глобалната должничка криза и изгубените децении“, нагласи секретарот на ООН.

Тој исто така го повтори својот повик вакцините против КОВИД-19 да бидат достапни за сите земји и да се обезбедат дополнителни пари за целосно финансирање на фондот за дистрибуција на вакцините КОВАКС.

„Инсистирањето на еднаквост во глобалниот одговор на пандемијата и закрепнувањето е тест за мултилатерализам, за кој во моментов не добиваме преодна оценка. Ја разгледуваме само вакцинацијата – само 10 земји во светот имаат околу 75% од вакцините“, ООН истакна лидерот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести