8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Судбината на Флик во Баерн ќе зависи и од вечерашниот меч со ПСЖ

Ханс Флик, тренерот на Баерн Минхен, би требало деновиве да се сретне со извршниот директор Оливер Кан, по што ќе биде позната неговата иднина во таборот на „Баварците“.

Јасно е дека односите меѓу него и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ се нарушени, особено откако тренерот го обвини директорот дека му носи засилувања кои не се по негова мерка.

Ситуацијата сега ќе ја решава Оливер Кан, а на состанокот би требало да присуствуваат и Салихамиџиќ и Флик.

Билд пишува дека многу работи околу иднината на Флик ќе зависат и од вечерашниот натпревар со ПСЖ, меѓутоа се оди кон тоа дека на Флик ќе му биде дадена уште една шанса.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести