14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

БАЈДЕН ОДЛУЧИ: Ја повлекува војската од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година.

И тоа е 20 години откако нападите на Ал Каеда ја започнаа најдолгата американска војна.

Повлекувањето, сепак, ќе се заснова на одредени гаранции за безбедност и почитување на човековите права, велат извори, под услов да не бидат именувани пред официјализирање на одлуката.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот министер за одбрана Лојд Остин се очекува утре во Брисел да ги информираат сојузниците на НАТО.

Бајден може да ја објави својата одлука јавно, велат изворите.

Неговата одлука, доколку биде потврдена, ќе го надмине рокот за повлекување од 1 мај, договорен со талибанските бунтовници од администрацијата на неговиот претходник, Доналд Трамп.

Во изјавата минатиот месец, талибанците се заканија дека ќе продолжат со воените дејствија против странските трупи во Авганистан, доколку тие не го почитуваат условот да се повлечат до 1 мај.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести