14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Поранешната пратеничка Весна Дамчевска побара простување и помирување за 27ми април

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден и датумот 27ми април кој буди непријатни чувства кај сите Македонци, поранешената пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска се обрати до јавноста и побара помирување и простување кое ќе значи македонско национално единство. Напишаното ви го пренесуваме во целост:

“Се наближува 27ми април.
Црната дамка врз македонската демократија, сеуште се разлева низ порите на самосвеста и совеста на секој Човек. Ниту сите виновни, ниту сите невини.
Кој суди, како, кому и за што…
Неправдата е заедничкиот именител на тешките воздишки на луѓето што се осудени да “платат за се'”. Со голо око се гледа од оваа дистанца, кој што “јадел и пиел”, а кој “ни јал, ни мирисал”, а кабаетот го собрал. Ако не е така, како е?
Ајде сега, пред големиот христијански празник Велигден, направете големо дело, Покајување, Простување и Помирување.
Дојдено е времето, на дело да се види и почувствува Македонското Национално Единство. Да се обгрниме меѓу себе, за да ги љубиме искрено сите до нас, со нас и околу нас. Вие знаете како. Од тука да започне мирот. Болката е голема. Гневот пораснал. Не мора да се прави драма. Доволно видовме и почувствувавме.
Не мора да се собираат партиски, политички поени. Доволно се насобрани. Само така тивко, искрено, чесно, човечки, мирно. Само да се почувствува радоста во окото на едно дете.
Верувам, можете.
АМИН.🙏” – пишува на Фејсбук, поранешената пратеничка.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести