14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

ЛИНА ПЕЈОВСКА ИСКРЕНА ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ”: Многу повеќе медиумски простор добивам во Србија, секојдневно моите песни се вртат на радио (видео)

Младата и талентирана пејачка Лина е миленик на македонската публика, но и во регионот и токму затоа беше изборот за гостин во четвртата емисија на “Лазаров Шоу”

Стефан Лазаров повторно во свој стил спреми многу незгодни прашања, а како се снајде Лина  во “Лазаров Шоу” погледнете на јутјуб каналот на Лазаров.

Лина за прв пат откри многу приватни моменти, а Стефан остана без зборови кога пејачката му призна дека и се допаѓал кога се запознале. Исто така, Лина открива и зошто не се договориле со македонската продукција Урбан Рекордс.

Дознајте кои се плановите на Лина за во иднина, кога нова песна, што мисли за македонската естрада и секако не пропуштајте да погледнете како се снајде во рубриката “Луто пиперче”.

Заедничкиот проект на медиа.мк и Стефан Лазаров ги руши сите рекорди на гледаност од емисија во емисија, затоа секоја недела во 20:00 часот бидете на јутјуб каналот на Лазаров.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести