10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Заев: Заеднички направивме сериозен исчекор во усогласувањето на ставовите за законските решенија за стекнување државјанство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска во Собранието се сретнаа со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

Целта на состанокот беше усогласување на ставовите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство. 
Во продолжение, ви ја пренесуваме целосно изјавата на премиерот Заев после средбата:

„Имавме исклучително успешна средба и сериозен напредок во разговорите. Двете страни дојдовме подготвени и верувам дека до крајот на неделата, врз основа на анализата што ќе ја направат експертите од МВР, ќе можеме да финишираме со законското решение за државјанствата.

Врз основа на тој напредок разговаравме на сите отворени прашања кои беа предлог во законското решение  од Алијанса на Албанците и Алтернатива и се изнајдени механизмите за изнаоѓање на решение. Не би зборувал за деталите заради тоа што овде сме политички претставници и сега треба и експертите да ги номинираат предлог-решенијата како анализа да ги стават на хартија за да го процесираме конечно законското решение. Секако во тој дел Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе ги информираат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица затоа што тие доставија амандмани, но мислам дека денеска направивме сериозен исчекор во поглед на решавање на ова важно прашање.

Самите анализи навистина беа од голема помош со кои влеговме денеска во којшто се видоа детално бројките колку граѓани се граѓани кои немаат државјанство, а се родени овде и колку граѓани се со природување, односно со стапување во брак, со враќање назад во земјата и слично, бараат државјанства, и врз основа на тоа ги отворивме сите важни прашања со што заокруживме аспекти на ова прашање во однос на доминантните европски пракси.

Ќе кажам само пример, годините за стекнување на државјанство кај нас се 8 години, имаме европски земји каде што имаме 5, 10 години, 7 години, 6,9… Ќе се извади еден таков просек и согласно просек во ЕУ и за многу прашања кои беа овде вградени и за кои влечеме од европската пракса.

Целта е до крајот на неделата да се оформи законскиот текст и веќе следната недела парламентот се изјаснува по самото законско решение.“

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести