8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

УЕФА реагира до ФС на Србија: Два меча во март се наместени, има и имиња на фудбалери

Европската фудбалска федерација (УЕФА) достави до Фудбалскиот сојуз на Србија податоци за местење на два натпревари во домашните првенства, пренесува „Спорт Клуб“. Претставници на УЕФА го доставија својот извештај на основа на бројни уплати во обложувалници во Европа и Азија на споменатите натпревари, а се работи за два меча кои се одиграни во март оваа година од кои едната на почетокот на тој месец, а другата на крајот на месецот.

Еден од двата случаи е означен како алармантен, поради огромниот број на уплати на Далечниот исток. Анализата открива и сомнителни настапи на одредени фудбалери, неразбирливи и контрапродуктивни потези, а посебна „приказна“ се головите кои се означени како едноставни.

Аналитичарите задолжени за следење на вакви натпревари евидентираа неколку фудбалери кои се под сомнеж. Наводно, некои имаат богато досие на сомнителни натпревари и во нивните претходни клубови. УЕФА ги посочи натпреварите како и имињата на фудбалери кои засега не се откриени во јавноста, поради истрагата која треба да ја избрши Дисциплинската комисија на ФСС како и офицерот за интегритет на ФС на Србија.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести